Скопјани дишат штетен воздух, Еко Советот на Градот без реакција

од Mimi Spasovska
291 прегледи

И овој ноември смрдливиот и загаден воздух, особено во вечерните часови, кога загадувањето е најизразена, стана тема на сите разговори, коментари и расправии, како на социјалните мрежи така и во секојдневните разговори на луѓето во Скопје, но реакција од надлежните се уште нема, а дополнително проблемот со аерозагадувањето ја усложнува енергетската криза и најавите за користње на дизел за греење.

Очите на јавноота, сепак, се вперени и кон централната и кон локалните власти.

Eкологистите не гледаат дека темата за загадувањето на воздухот е ставена на највисок ранг, зашто резултати нема, а потврда за тоа е дека Скопје повторно се најде на листите меѓу најзагадените 10 градови во Европа.

По последните локални избори, дваесет и пет експерти и претставници на граѓанскиот сектор од областа на урбаното планирање, урбанизмот, архитектурата, сообраќајот, енергетиката и заштитата на животната средина, станаа дел од новоформираниот Градски еко совет – Зелен совет на Град Скопје. Овој Совет има за цел да креира политики од областа на екологијата, сообраќајот, урбаното планирање, да предлага стратегии и да дава совети за иднината на развојот на Скопје.

Но во јавноста десега нема информации за активности на ова новоформирано еколошко тело кое во јавност беше дочекано како добра вест.

Во врска со мерките на градот за аерозагадувањето, Татјана Стојановска од „Го сакам Водно“ и „О2 Иницијатива“ за „Локално“ вели дека дека „има некои напори од градоначалничката Данела Арсовска, се формираше Еко совет во кој членуваат стручни лица и невладини организации, но се уште нема никакви резулатати од било каква работа на темата загадување. Посебно сега кога се алармира дека има енергетска криза“, вели таа за „Локално“.

Татјана Стојановска

Татјана Стојановска

Посоува дека и централната власт треба сериозно да ги сфатат проблемите и последиците кои ги имаме како држава „од игнорирање и нерешавање или решавање со премногу бавно темпо на проблемите со аерозагадувањето“.

„Имавме доста дебати и со министерот за животна  средина и се е тоа убаво кажано, но релноста е дека ние ќе имаме загадување како пред ковидот кога беше доста високо“, вели таа додавајќи дека во Скопје ништо не е сменето зашто и натаму на улиците продолжува да се зголемува бројот на возила, а дополнително се враѓаат во употреба и нееколошките фисилни горива.

Давор Пехчевски од „Еко свест“ за „Локално“ вели дека подолго време Градот не се справувава со проблемот со загадувањето кој треба да биде од највисок ранг.

„Во однос на мерките на Градот може да се види дека има некоја акција, интензивно се засадува ново зеленило, но надвор од тоа ништо не е преземено од град Скопје веќе подолго време, не само од оваа гранитура туку и претходно“, посочува Пехчевски.

Дополнува дека итните мерки кои се активираат кога загадувањето е алармантно треба да бидат обврска, а не препорака.

Давор Пехчевски

Давор Пехчевски

„Ова не е нешто што се решаава за една зима, но сега може наместо препорака да биде обврска да не се влегува во автомобил ако не се мора,  исто така, треба пар непар да се воведе за сообраќај, а на индустриите да им биде обврска да работат со намален капацитет. Треба да има такви мерки кои конкретно влијаат на загадувањето во моментот”, вели Пехчевски.

За високото аерозагадување во Македонија изработени се повеќе истражувања кои укажуваат на ризикот врз здравјето на илјадници граѓани, особено за децата како најчуствителна група, зашто нивниот организам е во развој и имаат побрзо дишење.

М.С.М.

Слични содржини