37
Полицијата извести дека вчера во 15.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во својот дом на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил пронајден починат Ј.М.(51) од Скопје.
– Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, информираат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.