18
– Денеска (06.09.2024) во 04:00 часот во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.К.(23) од Скопје. Приведен е по претходна пријава дека околу 00:30 часот во семејниот дом на подрачјето на Шуто Оризари, физички ја нападнал својата 22-годишна сопруга, информираат од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.