Скопјанец нападнал и ограбил жена на постојка, поднесена кривична

од Milan1
27 прегледи

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Џ.З. (32) од Скопје поради сторено кривично дело “тешка кражба на дрзок начин”, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор од осум дена.

– На 17.11.2024 во 12.30 часот во СВР Скопје Х.Д. (44) пријавила дека околу 11.50 часот на автобуска постојка на подрачјето на Карпош, едно лице со употреба на сила и одзело паричник и мобилен телефон. Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје презедоа мерки и активности и го расчистија случајот, Џ.З. е лишен од слобода и поднесена е соодветна кривична пријава, информираат од МВР.

Слични содржини