12
Две сообраќајни незгоди предизвикал 26-годишен скопјанец кој не сакал да застане на даден знак од полициските службеници.
– Момчето, со иницијали К.Ј. управувајќи пунто, синоќа по полноќ, бегајќи од полицијата удрило во два автомобили управувани од 26 и 23-годишни лица кои се здобиле со полесни повреди. К.Ј. не застанал ни по судирот. Продолжил за вози пришто удрил во „дачија“ и направил материјална штета, информираат од МВР.
Откако бил пронајден, при преглед во неговото возило била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од Министерството во дневниот полициски билтен.