Скопјанец со мотор удрил во 10-годишно девојче на пешачки

од Milan1
52 прегледи

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот по член 300 став 1 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 33-годишен скопјанец, на 25 април, како учесник во сообраќајот на јавните патишта не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност телото на луѓето.

По десната сообраќајна лента од улицата ”Џон Кенеди” управувал моторцикл „Пиаџо Беверли“ со скопски регистарски ознаки и тоа без заштитен шлем и без да поседува возачка дозвола од “A” категорија за тој вид на моторцикл.