Скопјанец со пиштол принудил лице да извади пари од банкомат и да му ги даде

од Milan1
29 прегледи

Полицијата поднесе кривична пријава против Џ.С.(27) од Скопје поради „разбојништво“ и „разбојништво во обид“.

„На 16 август, пријавениот со закана со пиштол принудил едно лице од банкомат да извади пари и да му ги даде. Исто така, на 10 мај на кеј „Димитар Влахов“ во Скопје, откако пријавениот проверил дека друго лице немало пари на банкарската картичка, со пиштол му упатил закани“, соопшти МВР.