Скопјанец осомничен за тешка кражба лишен од слобода

од Milan1
222 прегледи

Вчера во 17.30 часот на ул.„Иван Аговски“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Е.(37) од Скопје. За него била распишана потерница од полициската станица Гази Баба, поради сомнение дека сторил неколку кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

По целосно расчистување и документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.