247
Вчера во 21.00 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.Б.(26) од Скопје. За него била издадена судска наредба со која се барал за издржување казна затвор од една година и 10 месеци.
Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната, информираат од МВР.