Скопјанец уапсен на Бит Пазар, кај него пронајдена марихуана

од Milan1
255 прегледи

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје синоќа во 19.00 часот, на подрачјето на Бит Пазар го лишиле од слобода А.А.(19) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана.

Од МВР денеска соопштија дека по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.