Скопјанка (76) измамена за 130.000 денари, ја излажале дека ќерка и згазила дете

од Milan1
14 прегледи

Скопјанката Р.С.(76) вчера била измамена за 130.000 денари. Таа примила телефонски повик од едно женско и од едно машко лице, кои и кажале дека дека нејзината ќерка предизивикала сообраќајна несреќа, прегазила дете и треба да оди во затвор. Парите требало да им ги даде за да ја ослободи ќерката.

Како што соопшти МВР, С.Р. го пријавила случајот вчера во 18:30 часот во СВР Скопје. Таа истиот ден околу 14:00 часот примила телефонски повик и се договориле со сторителите на подрачјето на Драчево да им предаде 130.000 денари, но набргу сфатила дека била измамена.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини