Скот Морисон: Целта на Австралија е да постигне јаглеродна неутралност до 2050 година

од Milan1
272 прегледи

Целта на Австралија е да постигне јаглеродна неутралност до 2050 година, изјави денеска премиерот Скот Морисон, но, според него, целта нема да биде пренесен во закон, туку ќе се потпира на потрошувачите и компаниите кои поттикнуваат намалување на емисиите. Австралија е една од најголемите светски емитери на стакленички гасови по глава на жител и значаен извозник на фосилни горива, како што е јагленот. Морисон додаде дека Австралија ќе постигне нула емисии најмногу преку технолошки развој и владини инвестиции во вкупна вредност од 20 милијарди долари.

-Инвестицијата, вели Морисон, ќе ги намали трошоците за технологија како што е чистиот водород, што ќе ја зголеми нејзината употреба.

Премиерот се обиде да ја ублажи секоја закана за домашната индустрија и работните места како резултат на намалувањето на емисиите.

-Австралијците сакаат одговор на климатските промени. Тие преземаат мерки против климатските промени, но, исто така, сакаат да ги заштитат своите работни места и средства за живот. Тие, исто така, сакаат да ги намалат трошоците за живот, изјави Морисон пред новинарите во Канбера.

„И јас сакам да го заштитам австралискиот начин на живот, особено во руралните и регионалните области. Австралискиот начин на живот е единствен“, истакна премиерот.

Додаде дека Канбера нема да ја смени својата цел за намалување на емисиите за 26 до 28 отсто до 2030 година во однос на нивото од 2005 година, но, потенцира дека Австралија ќе ја надмине таа цел и дека до 2030 година ќе ги намали емисиите за 30 до 35 отсто.

Слични содржини