Славески: Комисијата за заразни болести, целиот овој период се води според политички цели

Во своето гостување во 24 анализа, универзитетскиот професор, Трајко Славески, посочи дека недостигот на вакцини е одраз на третиот бран кој ја зафати земјава, но и потенцираше дека ова и тоа како економски се одразува врз буџетот на индустријата и граѓаните.

„Секој понеделник, бројката од ИЈЗ е значително помала. Но, значително се над 20% бројките, и ако сме во друга земја би имале досега порестриктивни мерки. Епидемиолозите предупредуваа, и веќе пристигна третиот бран. Недостигот од вакцини ќе има последици и по животите и по економијата. Јасно е дека вирусот се шири кај угостителските објекти, па гледаме и дека свесно се прекршуваат мерките. Но, јас очекував поавторитетен настап на Комисијата за заразни болести, бидејќи досега се водат по политички цели. Оттаму мислам дека оваа институција е една од причините за состојбата моментално“, истакна Славески.

Слични содржини