Актерите Џад Лоу, Џулијан Андерсон и фудбалерот Гари Линекер се меѓу 145 познати личности кои денеска упатија порака до британскиот премиер Дејвид Камерон, да им дозволи на децата бегалци кои се заглавени во Кале, да влезат во Велика Британија.

ef307e464c350a327f20763501e9fa71

Во отвореното писмо до Камерон тие бараат децата од бегалскиот камп, наречен “џунгла” во Франција, кои имаат роднини во Британија да бидат со нив, додека се во тек процедурите за азил.

Нивниот повик доаѓа во период кога француските власти се подготвуваат да го уништат тој камп за три дена, а со тоа 3000 луѓе би станале бездомници  на смрзнувачки температури.

 – Камерон и британската влада мора итно  да сорабтуваат со француските власти за да се реши оваа хуманитарна криза, вели актерот Лоу.

Според податоците на хуманитарните организации, во текот на тој дел кој треба да биде уништен живеат 440 деца, од кои 291 останале без нивните родители.

Слични содржини