Словачкото Министерство за надворешни работи ја повика вчера холандската амбасадорка во Словачка, Габриела Санчизи, тврдејќи дека Холандија се мешала во внатрешните работи на Словачка нудејќи ги просториите на својата амбасада во Прага за дискусија за политичката ситуација во Словачка, пренесува „Еурактив“.
Набргу по повикот, организаторот на настанот, чешката невладина организација Центар за информирано општество, појасни дека настанот не го организирала холандската амбасада.
„Негираме дека овој настан на кој било начин имал за цел да се меша во внатрешните работи на Словачка“, соопштија од Центарот.
Словачкото Министерство за надворешни работи во четвртокот соопшти дека добило извинување од Холанѓаните и уверување дека дискусијата нема да се одржи во просториите на амбасадата, но одби дополнително да ја коментира ситуацијата, велејќи дека „ги негува добрите односи со Холандија“.
Ден претходно, сепак, дискусијата ја нарече „неприфатлива“ и „еднострана“ и во со остра изјава ја осуди улогата на холандската амбасада во настанот.
„Го отфрламе таквото мешање во внатрешните работи на Словачка. Во исто време, изразуваме сериозна загриженост за организаторите кои ги поканија дипломатските претставници на земјите од ЕУ кои работат во Чешка на политички ориентиран настан за да се оцени политичката ситуација во Словачка, освен Словачката амбасада во Чешката Република“, це вели во соопштението од словачкото МНР.
Министерството конкретно го спомена присуството на двајца од говорниците- Растислав Качер, поранешен шеф на дипломатија од 2022-2023, и Јурај Ризман, словаачки безбедносен експерт и партнер на словачката претседфателка Зузана Чапутова.
„Човек ги гледа вестите и не може да се изначуди. Никогаш претходно не сум бил толку засрамен од моуте колеги и од министерството што помогнав да се изгради од нула,“ коментираше Качер.
Според извори на „Деник Н“, средбата нема целосно да биде откажана, но ќе се одржи на друга локација.
Словачко холандскиот спор околу настанот доаѓа во време кога Чепката Република ја суспендираше меѓувладината соработка со Словенијља, цитирајќи ги „значителните разлики во однос на надворешно-политичките прашања“. Чешка и Словаќка беа една држава до 1993 година и одржуваа силни билатерални врски по одделувањето.