Случај „Флојд“: Лекарот кој сведочеше вели дека задушувањето е причина за смртта на Флојд

340 прегледи

Лекар од брза помош во болница во Минеаполис денес сведочеше дека Џорџ Флојд најверојатно починал од недостаток на кислород.

Тоа ја поддржа тезата на обвинителството, кое го обвинува поранешниот полицаец Дерек Шовин за убиство, откако тој го притисна вратот на Флојд повеќе од девет минути за време на апсењето во мај минатата година.

Д-р Брадфорд Лангенфелд, лекар за брза помош кој се обиде да го оживее Флојд, а подоцна го прогласи за мртов, сведочеше дека заклучил дека Флојд, 46-годишен афро-американец, најверојатно починал од асфиксија.

Лангенфелд, кој сведочеше на почетокот на втората недела од судењето, рече дека срцето на Флојд престанало да работи пред да го донесат во болница. Лекарот рече дека работниците на службата за итни случаи му рекле дека претходно се обиделе да го оживеат Флојд околу 30 минути.

Тој, сепак, рече дека не бил спомнат дека полицијата вложила напори да го врати Флојд во живот, откако беше уапсен под сомнение дека се обидел да плати со фалсификувана сметка од 20 американски долари во една продавница, пренесува Гласот на Америка.

Адвокатот на Шовин, Ерик Нелсон го праша д-р Лангенфелд дали некои лекови можат да предизвикаат недостаток на кислород, а лекарот потврди дека фентанил и метамфетамин, кои беа пронајдени во телото на Флојд, може да имаат таков ефект.

Шовин, кој е бел, работеше во полиција 19 години, се додека не беше отпуштен минатата година по смртта на Флојд.

Тој се изјасни за невин по обвиненијата за убиство од втор степен. Случајот е презентиран пред 12-члено жири во кое има претставници на различни раси.

Адвокатот на Шовин тврдеше дека Флојд починал поради здравствените проблеми од кои страдал и дека Шовин ги применувал правилата за полициска обука при апсењето

Инцидентот на 25 мај 2020 година предизвика масовни протести поради полицискиот третман на малцинствата во Соединетите држави и ширум светот.

Слични содржини