Сметките за струја не се високи поради лошо читање, туку поради лошо менаџирање тврди Филипче

од Milan1
118 прегледи

Причините за високите сметки за струја не се во лошото читање, туку во лошото менаџирање, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва во гостување во емисијата „Само интервју“ на „Канал 5“.

Тој вели дека во време на светска енергетска криза, кога мегават-час струја чинел 550 евра, граѓаните плаќале поевтина струја од денеска, кога цената е 120 евра за мегават-час.

„Наводно било читањето во сметките. Па, во управниот одбор на ЕВН владин претставник е член на ВМРО-ДПМНЕ, Гиевски, висок функционер. Во „ЕВН хоум“ тој што ги пресметува сметките е син на поранешен градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ Митревски и сега ВМРО-ДПМНЕ ќе каже: Немаме ние врска со тоа. Не, купуваат струја на пазарот затоа што нема доволно производство, а луѓето и граѓаните во услови кога цената на меѓународниот пазар на берзата е 110-120 евра за мегават-час наспроти 550-те во наше време, за време на енергетската криза, плаќаат 30% поголеми сметки за струја. Кој криминал е тука, пак ќе кажам сите коишто си истражуваат, пак да си истражат докрај“, рече Филипче.

Филипче исто така рече дека во 2024 година, поради неработењето на хидроелектраната „Глобочица“, Владата одлеала милионски суми и притоа тој ѝ порача на владеачката партија наместо обвинувања, отворено пред граѓаните да ги каже причините зошто тие плаќаат за 30 проценти поскапа струја.

„Дали знаете дека минатата година околу 240 000 мегават часови помалку произвел нашиот систем, а тоа е капацитетот на хидроелектраната Глобочица. Значи ланската година 2024 за време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ како Глобочица да не работела. За тие 240 000 мегават часови се направил увоз 36 милиони евра ја кошта државата. Е сега субвенционираш комбинат или купуваш струја на пазарот. Значи мора да се инвестира, мора чесно и отворено да се кажуваат работите, а не да се обвинува за криминал“ рече Филипче.

Слични содржини