Најголемиот политички противник на Орбан и лидер на опозицијата, Петер Маѓар, ги коментираше резултатите од изборите во Романија, кои ги искористи како можност да го прозва унгарскиот премиер.
Во коментар на социјалната мрежа Фејсбук, Маѓар рече дека романскиот претседателски кандидат Џорџ Симион доживеал понижувачки пораз.
„Проклетството на Орбан пристигна. Романскиот претседателски кандидат кој ги мрази Унгарците претрпе понижувачки пораз. Унгарскиот премиер плукна во лице и ги предаде нашите унгарски браќа во Трансилванија пред едвај една недела. Орбан го поддржа Симеон, кој отворено ги мрази Унгарците“, рече Маѓар.
Тој рече и дека изразува радост за резултатите од изборите.
„Предавство и пад се вика Орбан. Наскоро ќе следи марш од милион чекори за мир и национално единство“, изјави лидерот на опозицијата Петер Маџар.