Снимки од кометата што се гледа еднаш во 80 илјади години

од Milan1
28 прегледи

На небото над Хрватска синоќа имаше ретка и прекрасна глетка… А, сѐ тоа фотографите го овековечија со низа снимки, пренесува „Индекс“.

Кометата, наречена Цучиншан-Атлас или „Ц/2023 А-3“, минува низ внатрешниот дел на Сончевиот Систем и ова е едно од најблиските и најсветлите појавувања на комети последниве години. Овој настан, се наведува, нема да се повтори следните 80.000 години.

Астрономите ја открија кометата во 2023 година, преку две независни набљудувања – во Кина (во Опсерваторијата „Цучиншан“), и во рамките на американскиот проект „АТЛАС“ (Систем за последен аларм со копнено влијание на астероиди).

Ја нарекуваат најспектакуларната комета на десетлетието. Според сегашните проценки на астрономите, орбиталниот периор на кометата Цучиншан-Атлас е околу 80.000 години. Тоа значи – откако ќе мине низ внатрешноста на Сончевиот Систем оваа 2024 година, Земјаните ќе може повторно да ја видат после 80 илјади години.

Тоа укажува и на ретка прилика и можност и за научно истражување и набљудување.

Кометата би можела да придонесе за проучување и нови сознанија за Кајперовиот Појас и Ортовиот Облак, коишто се наоѓаат на периферијата на Сончевиот Систем. Проучувањето на комети со толку долги орбитални периоди е од клучно значење за разбирање на најдалечните делови од нашиот планетарен систем.

Слични содржини