Со „ауди“ прегазен 82-годишен маж од Тетово

од Milan1
43 прегледи

Синоќа во 20.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на кружен тек на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово, патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(45) од Скопје, удрило во пешакот В.Ј.(82) од Тетово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Тетово.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Тетово.

Слични содржини