Со автомобил удрил 15-месечно бебе во количка и побегнал

од Milan1
110 прегледи

„МВР информира дека вчера попладне во 15.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „ЈНА” во Тетово, патничко возило „фолксваген пасат” со тетовски регистарски ознаки, удрило во детска количка, која на пешачки премин ја туркале Е.Х. и Ф.Х. од Тетово, во која било нивното 15 – месечно дете, по што возилото го напуштило местото.

По преземени мерки и активности, било пронајдено возилото и возачот А.М.(67) од с. Шипковица, тетовско. Во незгодата со телесни повреди се здобило детето, констатирани во Клиничка болница Тетово“, информираат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

Слични содржини