Со цел да му зададат дополнителен удар на Путин, ЕУ го усвои 14-тиот пакет санкции против Русија

од Milan1
170 прегледи

Европската унија го усвои 14-тиот пакет-санкции против Русија поради нејзината војна против Украина, која почна во февруари 2022 година, објави Европскиот совет.

„Денеска, Советот го усвои 14-тиот пакет економски и индивидуални рестриктивни мерки, кои задаваат дополнителен удар на режимот на Владимир Путин и на оние што ја одржуваат неговата незаконска, неиспровоцирана и неоправдана агресивна војна против Украина“, се наведува во соопштението.

Како што се додава, санкциите ќе ги погодат високовредните сектори на руската економија, како што се енергијата, финансиите и трговијата, и ќе го отежнат заобиколувањето на санкциите на ЕУ.

Пакетот вклучува рестриктивни мерки за дополнителни 116 поединци и субјекти „одговорни за дејства што ги поткопуваат или загрозуваат територијалниот интегритет, суверенитетот и независноста на Украина“.

Европската Унија воведе забрана за европските банки надвор од Русија да го користат SPFS (Системот за финансиски пораки), кој е руски еквивалент на SWIFT, за размена на финансиски пораки.

Слични содржини