Со „јамаха“ удрил во куќа, па избегал

од Vladimir Zorba
194 прегледи

На 17.05.2023 во 19.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на крстосница на ул.„Ленинова“ со ул. „Даме Груев“ во Неготино, В.К.(33) од Неготино управувајќи мотоцикл „јамаха“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во куќа, по што го напуштил местото.

По несреќата, во болницата во Неготино на В.К. му биле констатирани тешки телесни повреди.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Неготино.

Слични содржини