Со 56 гласа „за“ и четири воздржани, Собранието на Косово денеска не го избра лидерот на движењето „Самоопределување“, Албин Курти, за премиер.
-Постапката сега бара од претседателката на Косово, Вјоса Османи, да одлучи за друг кандидат за премиер врз основа на уставните овластувања по консултација со партиите, изјави по гласањето претседателот на парламентот, Димаљ Баша.
Османи има рок од десет дена да назначи нов мандатар.
Доколку не се обезбедат потребните 61 глас, тогаш Собранието треба да се распушти и да се распишат нови парламентарни избори.