Главоболките за менаџерот Оле Гунар Солскјер околу повреди на играчи никако да запрат. „Болничката“ листа во Манчестер јунајтед е надополнета со Џеси Лингард по мечот против АЗ Алкмар (0:0) во второто коло од групната фаза во Лига Европа. Англичанецот влезе во игра во 76. минута, но мораше предвреме да заврши со настап.
„Црвените ѓаволи“ финишираа со 10 фудбалери на терен, бидејќи незгодата со Лингард се случи по направените три замени на норвешкиот менаџер што за среќа по премиерлигашот не се одрази на резултатски план.
Лингард е трет повреден играч во ростерот на Манчестер јунајтед по Антони Марсијал и Пол Погба.
„Црвените ѓаволи“ се соочуваат со сериозни проблеми и на играчки план од почетокот на сезоната, играат променливо и Друг пример за ова беше средбата со АЗ Алкмар, во која тимот не успеа да упати ниту еден прецизен удар.