Сомнителни дронови над Германија

од Milan1
36 прегледи

Германското обвинителство покрена истрага за беспилотнитe летала над клучната инфраструктура во северна Германија поради сомневање за шпионажа, соопшти денеска обвинителството.

Државното обвинителство во Фленсбург започна прелиминарна истрага поради сомневање за „активности на агенти за саботажни цели “, изјави високиот јавен обвинител Бернд Винтерфелд.

Винтерфелд рече дека не може да даде повеќе детали за истрагата поради загриженоста за националната безбедност, пренесува „Ројтерс“.

Весникот „Билд“, кој прв ја објави истрагата, цитираше внатрешен полициски извештај во кој се вели дека зоната на забранети летови над нуклеарната централа била неколку пати нарушена овој месец.

Како што пренесува Билд, властите на државната криминалистичка полиција Шлезвиг-Холштајн претпоставуваат дека се работи за руски дронови Орлан-10, кои имаат домет од 500 до 600 километри и можат да летаат над 100 километри на час.

Германија, еден од најголемите добавувачи на воена помош на Украина од руската инвазија во 2022 година, ја засили својата претпазливост за саботажни активности и неодамна затвори воена база поради сомневања за загадена вода од чешма, што се покажа дека е лажно, пренесува „Танјуг“.

Во април, двајца германско-руски државјани беа уапсени под сомнение дека планирале диверзантски напади, што властите го нарекоа сериозен напор да ја поткопа воената поддршка за Украина.

Слични содржини