Сончево со мала до умерена облачност и умерен ветер од северен правец. Попладне во крајните североисточните делови можен е краткотраен дожд и снег.

B7OuR6EIYAAG8q-

Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.

 

Во Скопје: Сончево со мала до умерена облачност и умерен северен ветер. Дневната температурата ќе достигне околу 8 степени.

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во см) ИЗМЕРЕНА ВО 07 часот: 65 Маврови Анови, 17 Лазарополе, 10 Крушево, 3 Битола, 2 Тополчани.

 

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа  (во л/м2): 8 Крушево, 5 Охрид, Битола, 4 Претор, 2 Прилеп, Берово, Лазарополе, 1 Гевгелија, Струмица, Маврово и Пожаране

 

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ-10 Лазарополе, -9 Маврово, -7 Крушево, -5 К. Паланка, Претор, -4 Охрид, -3 Тетово, Берово, Битола, -2 Скопје – Петровец, Куманово, Прилеп, -1 Штип, Виница, 0 Скопје – З. Рид, Д. Капија, Струмица, 2 Гевгелија, Кавадарци и Дојран.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ:

Утре ќе биде сончево со слаб јужен ветер и потопло. Од недела попладне следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките планини од снег. Врнежите ќе бидат со променлив интензитет, повеќе застапени во западните и јужните делови.

 

 

Слични содржини