Сончево со слаб ветер од југоисточен правец и околу 30 степени

од Vladimir Zorba
81 прегледи

 Времето во Македонија ќе биде сончево со слаб ветер од југоисточен правец.

јсп

Утринската температура ќе се движи од  осум до 17, а дневната од 25 до 32 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со утринска температура до 13 и дневна до 30 степени.

Во четврток и петок температурата ќе бележи тенденција на посебен пораст, така што најтопло се очекува да биде во петок кога температурата ќе се движи во интервал од 25 до 35 степени.