Сопругата на Башар ал Асад, Асма е тешко болна, боледува од леукемија?

од Milan1
138 прегледи

Асма ал Асад – сопругата на сменетиот сириски претседател Башар ал Асад е во тешка здравствена состојба, соочена со леукемија, јавуваат светските медиуми.

Откако нејзиниот сопруг побегна во Русија и побарал азил, Асма отпатува на лекување во Москва, каде, според извори блиски до семејството, живее во изолација за да се заштити од инфекции. Лекарите и дадоа само 50 отсто шанси за преживување, што дополнително ја нагласува сериозноста на ситуацијата.

Асма ал Асад веќе се соочи со рак на дојка, чија целосна ремисија беше објавена во август 2019 година по една година лекување. Сепак, последните извештаи зборуваат за враќање на леукемијата по период на ремисија, што е исклучително опасна состојба.

Нејзиниот татко, познатиот кардиолог Фаваз Ахрас, се грижи за неа во последните шест месеци, прво во Обединетите Арапски Емирати, а потоа и во Москва.

Асма ал Асад е принудена да живее во изолација во Москва, бидејќи нејзиниот имунитет е ослабен поради тешката болест. Според извори блиски до семејството, таа изрази желба да се лекува во Лондон, па дури и размислува за развод.

Иако информациите за здравјето на Асма ал Асад се загрижувачки, нејзиниот сопруг и таа не ја коментираа веста во медиумите.

Кремљ ги демантираше тврдењата за нејзината желба да се разведе од сопругот, но иднината на оваа позната дама сè уште останува неизвесна.

Слични содржини