Грција обидува да исправи во еден важен пропуст во медиумското законодавство и веќе не е единствената земја во ЕУ, која раздаваше телевизиските фрекфенции без конкурс и според актуелната политичка конјуктура.

zx620y348_2635961

Пратениците одобрија закон, со кој се воведува режим за апликација за 10-годишни лиценци за приватни телевизии, кои во текот на 25 години досега се раздаваа како “привремени” дозволи и целиот сектор беше во сива правна и регулаторна зона. Тоа од своја страна се користеше од олигарси за вршење на политички притисок над властите кои често се користеа од сопствениците на медиумите за задоволување на апетитот за фаќање на јавни набавки.

Првата влада на Алексис Ципрас поведе битка со овој феномен од доаѓањето на власт во почетокот на февруари. По референдумот за антикризниот план, предложен од меѓународните кредитори на земјата, конфликтот стигна до формална истрага на приватни телевизии од медиумскиот надзор и до првото новинарско здржение по обвиненијата за намерна манипулација на јавното мислење против тезата на кабинетот на СИРИЗА да се гласа со “Не”.

“Овој закон е дел од поголем план. За да се променат работите, треба да се промени политичкиот систем, банкарскиот систем и бизнис моделот”, изјави во пленарната сала вицепремиерот Јанис Драгасакис.
Што предвидува законот
Со одобрениот закон, кој треба да стапи во сила во 2016 година, се определува како ќе се даваат лиценци за телевизиска дејност, каков ќе е рокот им и под кои услови ќе бидат одземени:

– Новата регулација предвидува 10-годишни лиценци, поделени по аукција
– За секоја лиценца ќе има минимална цена
– Кандидатите за фреквенции со национално покривање треба да имаат минимален акционерски капитал во износ помеѓу 2 и 8 милиони евра
– Секоја телевизија ќе има обврска да најми со договор за вработување меѓу 50 и 400 лица, како и ограничувања за максималниот број вработени кои може да ги вработи, во зависност од емитуваната програма
– Информативните канали ќе плаќаат скапи лиценци од оние што се чисто забавни телевизии
– Почетната цена за секој лиценца ќе се дефинира заеднички од министрите за финансии и за комуникации
– Од кандидатите ќе бидат исклучени компани кои уживаат даночни олеснувања или вршат големи нарачки во јавниот сектор; така властите сакаат да ја прекинат употребата на медиумите од страна на  сопствениците  за притисок врз Владата да им додели проекти со државни средства.
Воведување на ред или совладување на секторот
Засега не е јасен бројот на кандидати за првите 10-годишни лиценци. Владини претставници велат за Wall Street Journal дека тоа ќе зависи од квалитетот на поднесените понуди, како и дека по тендерите не е исклучено во Грција да останат помалку од сегашните 8 приватни канали со национална покриеност.

Ова, за возврат предизвика критики од медиумите уште од летото, како и обвинувања дека преку законот СИРИЗА се обидува да ја прецрта картата на телевизискиот сектор во земјата. Од менаџментот и партијата одговараат дека војната е започната од медиумите, а не од Владата, и дека повод биле намерите да ги натера сопствениците на медиуми конечно да плаќаат достојно за своите активности.

Новиот закон е критикуван и од опозицијата. Според нејзини пратеници со него се дава премногу власт над секторот на министерот, кој ќе ги раздава лиценците. Тоа е Никос Папас – министер за комуникации и медиуми и еден од најблиските на Ципрас. “Не можете да се борите против корупцијата, а да ја давате целата власт за телевизиските права во рацете на еден министер”, изјави Ставрос Теодоракис, лидер на проевропската центристичка партија To Potami.
Криза и недостаток на доверба
Но поради кризата приватните медиуми извршија масовни отпуштања на вработени, имаат многу долгови и помалку приходи од реклами, што го прави секторот непривлечен и за инвеститори. Во петокот ESIEA – најголемиот грчки сојуз на новинари, штрајкуваше, , бидејќи новиот закон “не им ја браниел професијата “. Според податоците на сојузот кон средината на јули оваа година речиси 1.000 од нејзините членови 5800 се невработени, додека пред пет години во оваа група имало 343 лица.

Слични активности не анидуваат на јавна поддршка, бидејќи многумина Грци ги обвинуваат новинарите за создадената ситуација во нивната земја, ги сметаат за слуги на олигархиските интереси, поради што и без тоа слабата доверба кон објективноста на медиумите речиси исчезна. На референдумот во летото приватните медиуми – од телевизии до весници – ја одредуваа економската политика на Ципрас како нереална и му го критикуваа приодот да се конфронтира со доверителите. Гласачите решително гласаа со “Не” и застанаа зад Владата на СИРИЗА, која наскоро се одметна од ветувањата и склучи уште понеповолна зделказа Грција .

Слични содржини