Германскиот пазар на труд испрати нов негативен сигнал во пресрет на објавувањето на податоците за невработеноста за март. Индексот на Институтот за труд и занимање (ИАБ) падна седми месец по ред, пренесува dpa.
Таканаречениот барометар за вработување најавува трендови на пазарот на трудот. Се состои од неколку компоненти: стапки на невработеност и вработеност, или проценки од сите домашни агенции за вработување.
Индексот падна на 98,2 поени во март, јасно под прагот на неутралност од 100 поени.
„Големите инвестиции се на хоризонтот, но изгледите на пазарот на трудот за наредниот период се мрачни“, рече Енцо Вебер, шеф на одделот за предвидување и анализа на „IAB“.
Индексот на вработеност, кој ја одразува побарувачката на работна сила, падна на 99,9 поени. Ова значи дека падна под прагот 100 за прв пат од пандемијата.
„Агенциите за вработување сега веќе не очекуваат силна побарувачка во области како што се нега или образование за да ја надоместат загубата во индустријата“, рече Вебер.