Советникот на црногорскиот премиер: Абазовиќ да ангажира психијатар

од Milan1
311 прегледи

Советникот на премиерот на Црна Гора Кривокапиќ Војо Лаковиќ го советувал Дритан Абазовиќ да ангажира психијатар, адвокат и советник за безбедност.

Тој на својот Твитер профил објави дека во интерес на вистината и прокламираната транспарентност го поканил Абазовиќ да оди на полиграфско испитување, кое директно ќе биде покриено од медиумите.

Претходно Лаковиќ изјави дека Абазовиќ со својата „неодговорна и непромислена изјава“ ја загрозил својата безбедност и безбедноста на своето семејство.

„Јавниот повик на вицепремиерот Дритан Абазовиќ, безбедносните работници да се огласуваат во дневни весници и да коментираат наводни детали од документи кои се доверливи и тајни, го доживувам како израз на државна незрелост, неодговорност и непрофесионалност, со многу штетно ефект врз безбедноста и професионалците кои работат, изјави претходно Лаковиќ.

Слични содржини