Советот за безбедност на ОН на итен состанок: Зеленски очекува поддршка за воздушна одбрана и заштита на енергетскиот сектор

од Илинка Илиоска
28 прегледи

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе заседава, на барање на Велика Британија, Франција, Еквадор, Словенија и САД, поради нападот на руската армија врз Киев во кој загинаа 36 лица, а беше оштетена главната детска болница, објавија британските медиуми.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно најави дека Украина ќе побара состанок на Советот за безбедност на ОН, додавајќи дека Киев очекува конкретни чекори од западните партнери за зајакнување на нејзината воздушна одбрана и заштита на енергетскиот сектор за време на самитот на НАТО оваа недела.

Слични содржини