Советот за безбедност на ОН одби да разговара за агресијата на НАТО врз Југославија

Западните земји од самиот почеток ја критикуваа руската иницијатива и ѝ порачаа на српската делегација дека е непотребно да доаѓа во Њујорк бидејќи седницата нема ни да се одржи.

од Бети Божиноска
879 прегледи

Советот за безбедност на ОН одби вчера да разговара за НАТО бомбардирањето на СР Југославија на предлог на Русија откако мнозинството членови на Советот гласаа против ставањето на оваа тема на дневен ред, а само Русија, Кина и Алжир сакаа да зборуваат за агресијата на НАТО. Останатите 12 членки беа воздржани, пишува „Политика“.

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, по седницата изјави дека Србија е разочарана затоа што денеска, како што наведе, во СБ на ОН беше спречено да се слушне вистината за агресијата на НАТО врз СР Југославија во 1999 година.

Постојаниот претставник на Русија во Советот за безбедност на ОН, Василиј Небензја, на почетокот на седницата изјави дека деновиве целиот свет се сеќава на жртвите од трагичните настани на Балканот, предизвикани од незаконската агресија на НАТО.

„Разбирам дека претставниците на НАТО на оваа маса им непријатно да го слушнат ова и да разговараат за него, но важно е да се разговара за тоа не само поради она што се случи туку и поради она што сега се случува во тој регион“, посочи Небензја.

Тој побара да се одржи отворен брифинг во СБ последиците од агресијата на НАТО врз СРЈ за меѓународниот мир и безбедност во светот.

„НАТО ја нападна Југославија користејќи го „етничкото чистење“ како изговор додека српската полиција и војска се бореа против терористичката ОВК. Но, западната пропаганда ги претвори водачите на ОВК во воини на доброто“, истакна Небензја, додавајќи дека тоа е причината зошто Западот не сака да се слушне вистината.

Западните земји од самиот почеток ја критикуваа руската иницијатива и ѝ порачаа на српската делегација дека е непотребно да доаѓа во Њујорк бидејќи седницата нема ни да се одржи. Така, францускиот претставник на самиот почеток на седницата се спротивстави на ставање на оваа тема на дневен ред.

„Дури и за Русија е јасно дека предлагањето на оваа тема на ниеден начин нема да придонесе за напредок. Русија цинично ја користи интервенцијата во 1999 година за да ја оправда својата војна против Украина и својата агресивна надворешна политика во Грузија во 2008 година и на Крим во 2014 година“, истакна тој.

За збор се јави и американскиот претставник кој нагласи дека Америка стои зад акциите на НАТО и дека НАТО направил се што е потребно за да се прекине „етничкото чистење“. Тој посочи дека не можат да поддржат расоправа во предложената форма која „инструментализира“ трагични настани заради пропагандна кампања.

„Седницата беше свикана поради дестабилизирачките намери на Русија поврзани со овој регион“, рече тој.

Слични содржини