Спасовски: Поддржувам да им бидат вратени пари на граѓаните за менувањето на пасошите

од Илинка Илиоска
605 прегледи

Екс министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на прашањето дали ќе им бидат вратени пари на граѓаните за менувањето на пасоши со новото име, во „Клик Плус“ на ТВ21 одговори дека би поддржал таква одлука ако се донесе во новата влада.

„Тој став на Народниот правобранител е одамна искажан, и ако се сеќаваме и опозицијата го делеше тој став, па еве мегдан сега. Ако се договорат, тогаш јас таа одлука да им бидат вратени пари на граѓаните за пасошите, ќе ја поддржам“, кажа Спасовски.

Слични содржини