Специјалната обвинителка Катица Јанева ќе го ослободи Верушевски од притвор. Обвинителката ќе побара куќен притвор и одземање на пасошот. Информацијата ни ја потврдија и од Специјалното обвинителство, пренесува Прес 24.

katica-janeva-izjava-640x421-640x396-1

„Ве известуваме дека од страна на одбраната за обвинетите предложено е укинување на мерката притвор и определување на гаранција, по однос на што, а постапувајќи по барање на Судот, ние дадовме позитивно мислење во кое појаснивме од кои причини сметаме дека постојат услови мерката притвор да биде заменета со гаранција. Воедно од наша страна предложено е и определување на мерки на претпазливост и тоа мерка на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште или престојувалите и мерка на претпазливост – одземање на патна исправа за поминување на државна граница.“ – стои во одоговорот на Специјалното јавно обвинителство на  новинарско прашање.

Слични содржини