Спомен-костурницата од НОВ во Велес вечерва ќе свети во сина боја

Вечерва во 20 часот Спомен костурницата од НОВ  во Велес ќе свети во сина боја којашто е заштитен знак на аутизмот.

од Бети Божиноска

По повод одбележувањето на 2 април, Меѓународниот ден на лицата со аутизам, вечерва во 20 часот Спомен костурницата од НОВ  во Велес ќе свети во сина боја којашто е заштитен знак на аутизмот.

Покрај тоа, во исто време во „Јуроп хаус“ во центарот на Велес ќе биде прикажана и проекција на анимации со презентација на суперхероите претставени во знакот на аутизмот и ќе бидат видливи за сите минувачи во градот.

Организатори на настанот се Здружението на граѓани „ПОПО“ и „Јуроп хаус Велес“.

Тие потеницираат дека овие настани ги организираат со цел да им сигнализираат на останатите граѓани за поддршка и соработка со лицата со аутизам.

Слични содржини