Според Бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ „Македонска крвава свадба“ е бугарска, Бендевска реагираше до Обвинителството

од Milan1
508 прегледи

Потпретседателката на македонското Собрание и пратеничка на ЗНАМ, Весна Бендевска, денес достави известување дo Основното јавно обвинителство (ОЈО) во Битола дека бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ иако е избришан од Централниот регистар, продолжува да функционира.

Бедевска реагираше откако Антологиската драма на Војдан Чернодрински „Македонска крвава свадба“ в очи 4 ноември, денот кога се слави ослободувањето на Битола, беше претставена како бугарското културно наследство.

Бугарскиот клуб на 1 ноември, одржа настан на кој говорниците рекоа дека Војдан Чернодрински е бугарски преодбеник, „Македонска крвава свадба“ дел од бугарското културно наследство и олицетворение на борбите и стремежот за слобода на Бугарите. Говорникот Калин Крумов рече: „Сижето е познато, двајца млади се вљубуваат, Турците ја грабаат девојката, а Бугарите се спротивставуваат“.

„Публикуваме оригинални документи, оригинални текстови, без корекциите Бугарка да се чита Македонка, Бугарија да се чита како Македонија“, рече промоторот на книгата Калин Крумов.

„Ова се провокации и повреда на македонските национални чувства“, вели потпретседателката на македонското собрание Весна Бендевска, која денеска го извести Oбвинителството дека клубот се уште работи.

„Ќе прашам децидно дали државните институции можат да најдат начин на кој ќе го забранат дејствувањето на ова избришано од Централен регистар здружение на граѓани со фашистичко име. Доколку има индиции веднаш ќе поднесам и нова кривична пријава против Љупчо Ѓоргиевски, поранешниот претседател на поранешното здружение кое е избришано од регистарот“, рече Бендевска пред да влезе во просториите на ОЈО во Битола.

Бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ беше избришан од Централниот регистар во март лани откако тогашниот министер за правда Кренар Лога го потпиша решението со кое се одби барањето бугарското здружение да го користи името на Михајлов, соработник на фашистите во Втората светска војна. Клубот доби рок да ја усогласи работата со измените во Законот за здруженија и фондации. Според нив, во називот не можат да користат имиња на личности што се поврзуваат со национална, етничка нетрпеливост, геноцид, поддршка на нацизам и фашизам. Но, клубот не го промени името.

Слични содржини