Србин и Македонец уапсени со повеќе од 5 килограми хероин: полицијата во Виена ја запленила дрогата и десетици илјади евра!

од Илинка Илиоска
58 прегледи

Србин и државјанин на Северна Македонија се уапсени во Виена кога полицијата во нивниот автомобил пронашла повеќе од пет килограми хероин и десетици илјади евра.

Имено, според локалните медиуми, двајцата мажи биле уапсени во вторникот на подземниот паркинг во виенскиот Рудолфсхајм-Фунфхаус под сомнение за шверц на дрога.

„Во автомобилот на двајца осомничени, 26-годишен Србин и 38-годишен државјанин на Северна Македонија, запленети се повеќе од пет килограми хероин и пари во вредност од 82.500 евра“, соопшти денеска полицијата во Виена.

На апсењето на двајцата дилери му претходела опсежна полициска истрага.

Двајца мажи се осомничени и за шверц како дел од меѓународно активна криминална група. Тие се одведени во затвор по наредба на Јавното обвинителство на Виена, пишува виенскиот портал.

Слични содржини