Синџир на организирана проституција беше растурен во Шпанија, во акција спроведена од полицијата минатата недела, кога беа уапсени 14 членови на криминална група и 25 проститутки, меѓу кои имало и неколку Србинки.
Постои сомневање дека уапсените макроа ги држеле девојките во угнетена положба, како робинки, а за време на акцијата, полицијата провалила во неколку изнајмени станови во Барселона и околните градови, објавуваат шпанските медиуми.
„Истрагата започна на почетокот на годината, а криминалната група имаше добро развиена мрежа. Макроата имаа неколку станови на различни локации, каде што девојчињата давале сексуални услуги за пари 24 часа на ден. Во становите беа поставени камери за да можат да ги следат. Девојките најчесто не добивале никаков надоместок“, неведуваат шпанските медиуми повикувајчи се на извори од полицијата.
Покрај Србинките, имало и девојки од Колумбија, Романија, Бразил, Венецуела и Доминиканската Република.