Граѓаните на Србија и на Босна и Херцеговина најмногу жалат поради распадот на Југославија, покажале денешните резултатите од најновото истражување на агенцијата Галуп. 
По насилните протести во Македонија, Галуп објави истражување за распололжението на граѓаните од регионот, односно како гледаат на распаѓањео на бившата поранешна држава. Резуллтатите, тврди Галуп, покажале дека југоносталгијата е распространета во поширокиот регион каде големиот број на испитаници сметаат дека распадот на државата донел повеќе штета отколку корист.
Од друга страна 41 процент од граѓанте на Словенија и 55 на Хрваска сметаат дека распадот на Југославија им донел повеќе корист. Според истражувањата најсреќни се граѓаните на Косово. Дури 75 проценти од испитаниците во Косово на распадот на Југославија гледаат позитивно.
Испитувањето покажало дека најмногу по Југослаивја жалат граѓаните постари од 56 години, додека овој број е далеку помал кај помладите.