Средба Пленковиќ – Мицотакис: Се залагаме за деескалација на тензиите меѓу Украина и Русија

од Milan1
217 прегледи

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и неговиот грчки колега Киријакос Микотакис денеска повикаа во Загреб да се намалат тензиите во украинската криза и ги поддржаа дипломатските напори на меѓународната заедница.

„Се залагаме за деескалација на тензиите меѓу Украина и Русија и меѓу Русија и Западот”, рече Пленковиќ во заедничката изјава со грчкиот премиер, кој е во втора посета на Хрватска во изминатиите две и пол години.

-И двете држави ги поддржуваат дипломатските канали и напорите на меѓународната заедница. Нашиот заеднички став е намалување на тензиите, рече Мицотакис.

Премиерите на двете земји-членки на ЕУ разговараа за економската, енергетската и одбранбената соработка.

„Драго ни е што и Грција и Хрватска ќе бидат едни од најбрзо растечките економии во 2021 година. Очекуваме раст од над 10 проценти овде, а Грција е многу блиску до сличен раст на БДП”, истакна Пленковиќ.

Европската комисија денеска ја зголеми проценката за раст на хрватската економија на 10,5 отсто минатата година, што е втор највисок раст во ЕУ по Ирска, но ја намали проценката за раст за оваа и следната година од претходните прогнози. Комисијата очекува раст од 4,8 отсто оваа година (5,6 отсто во есенските прогнози), а три отсто во 2023 година (3,4 отсто во есенските прогнози).

Слични содржини