Средношколците од Тетово в четврток (02 април 2015.) по втор пат ќе го изразат незадоволство од лошите реформи во средното образование, од екстерното тестирање и од измените за државната матура.

Маршот, на кој се поканети и родители, професори, граѓани и граѓански организации, ќе почне пред Центарот за култура „Иљо Антески – Смок“ во 12:15 часот.

Ќе се маршира по булеварот Маршал Тито, преку улиците Јане Сандански и Илинденска, сè до Работничкиот универзитет, каде што се наоѓаат канцелариите на Министерството за образование и наука.

Слични содржини