Средношколскиот пленум од утре ги радикализира мерките и активностите. Ќе го продолжи бојкотот на наставата во средните училишта со цел стопирање на лошите реформи во образованието. Решени се тој да трае се додека Министерството за образование не си го исполни вчера даденото ветување дека со нив ќе седне на задничка маса и ќе разговара за екстерното тестирање и државната матура.

10956589_810542299001061_2802460643219177618_n1-389x540

„И соопштуваме на јавноста дека од неделава што следи, Средношколскиот Пленум ги радикализира своите мерки и активности околу стопирање на лошите реформи во образованието. Имено, под радикализација подразбираме отпочнување на бојкот на наставата во средните училишта. До започнување со ваква форма на изразување на незадоволството дојде по таканаречената последна опомена која им ја дадовме на надлежните институции, и недобивањето одговор и повратна информација од страна на истите, и покрај нашите неуспешни макотрпни обиди и трудови нашиот глас да биде слушнат, и да стапиме во контакт со институциите, за кои сметаме дека си поиграа со нас и ја изневерија нашата доверба.

Воедно, ја користиме оваа можност, повторно да го повикаме Министерот за образование и наука, Абдулаќим Адеми, да ги прими претставниците од Средношколскиот Пленум на средба и преговори, бидејќи во спротивно, ќе продолжиме со нашите активности за изразување на незадоволството и револтот кој е предизвикан кај учениците“, велат од Средношколскиот пленум.

 

Слични содржини