Вишото јавно обвинителство (ВЈТ) во Белград поднесе барање до полициските службеници на Службата за борба против високотехнолошкиот криминал да ги соберат потребните информации за лажното видео создадено со помош на вештачка интелигенција, на кое е премиерот Милош Вучевиќ и објавено на Фејсбук профилот под име „Corvus01“.
ВЈТ побара отстранување на тој профил од социјалната мрежа од давателот на услуги „Мета Плтаформс“, со претходното собирање податоци за профилот и неговата употреба.
Специјалното одделение за високотехнолошки криминал на ВЈТ во Белград апелираше до граѓаните да бидат внимателни при користењето на Интернет и внимателно да читаат текстови и да гледаат или слушаат аудио и видео снимки на Интернет.
Исто така, доколку како резултат на овој или слични настани биле доведени во заблуда да направат нешто на своја штета, да поднесат пријава со доаѓање во обвинителството или преку електронска пошта.