828
Портпаролот на ЕУ, Петер Стано, денеска изјави дека секоја одлука за мостот на Ибар во Митровица треба да се донесе во рамките на дијалогот во Брисел, додавајќи дека ЕУ е „многу заинтересирана“ да спречи нова криза на Косово.
„Ние сме многу заинтересирани да спречиме уште една криза. Веќе имаше многу кризи и многу малку решенија и чекори што водат до деескалација“, рече Стано, на прашањето на Танјуг како ќе ја коментира најавата на Приштина дека наскоро ќе се отвори Ибарскиот мост за сообраќај.
На брифингот за медиумите во Брисел, тој посочи дека отворањето на мостот е предмет на два договори од 2015 и 2016 година, кои се постигнати во рамките на дијалогот што се води со посредство на ЕУ.