Стапката на невработеност во четвртиот квартал лани изнесува 16,6 отсто и е намалена во однос на третиот квартал, кога изнесуваше 17,1 отсто. Стапката на активност во последното тримесечие од минатата година е 57,5, а стапката на вработеност 47,9, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во четвртиот квартал годинава активното население во државава изнесува 968 604 лица, од кои вработени се 807 362, а 161 242 лица се невработени.

Од невработените лица, 33.508 се со високо образование, 71.914 со средно четиригодишно образование, 12 931 со средно тригодишно, а со основно образование се 34.869 лица.

Податоците покажуваат дека најголем вработувач е преработувачката индустрија каде се вработени 161007 лица.

Стапката на невработеност во четвртиот квартал е намалена на историски најниско ниво од 16,6% согласно објавените податоци на Државниот завод за статистика.Истовремено активното население во четвртото тримесечје е зголемено за 11.000 лица во однос на истиот период лани.Само преку премостување на јазот помеѓу понудата и побарувачката на пазарот на труд може да се зголеми вработеноста во земјава, а тоа може и се постигнува преку активните мерки за вработување. Поддршката на конкурентноста на приватниот сектор придонесува кон нови инвестиции кои креираат нови работни места.

Публикувахте от Nina Angelovska в Петък, 6 март 2020 г.

Слични содржини