Стартуваше нов превентивен проект на СВР Скопје, поддржан и од Мисијата на ОБСЕ и градот Скопје, наменет за средношколци на тема говор на омраза

од Radmila Tasevska
181 прегледи

Денес (02.02.2023) полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје заедно со полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари во средното училиште „Шаип Јусуфи“ во општина Шуто Оризари одржаа едукативна работилница посветена на темата „Говор на омраза“.

На работилницата, на којашто присуствуваа ученици од прва година од ова училиште, преку посебно подготвена видеопрезентација, полициските службеници на учениците им ги појаснија основните форми, начини на манифестација и последиците што може да ги предизвика говорот на омраза меѓу младите, а посебен осврт имаше и околу начините за препознавање и превенирање на оваа девијантна појава. Исто така, на учениците им беа поделени и печатени едукативни материјали во насока на информирање на младите и нивно активно инволвирање во превенцијата на говорот на омраза.

Инаку, овој превентивен проект на Одделението за превенција при СВР Скопје којшто е поддржан и од Мисијата на ОБСЕ во РСМ и градот Скопје, во наредниот период ќе биде реализиран во сите средни училишта на подрачјето на град Скопје.

Слични содржини