Статуа на Меланија Трамп украдена во Словенија

од Milan1
46 прегледи

Полицијата во Словенија истражува исчезнување на бронзена статуа на Меланија Трамп, која ја замени дрвената статуа уништена во пожар во 2020 година, објави „Гардијан“. Бронзената статуа, прикажана во природна големина, беше поставена на трупец од дрво на приватна нива во нејзиниот роден град Севница.

Според полицијата и творецот на статуата, американскиот концептуален уметник Бред Дауни, статуата била отсечена кај глуждовите и украдена. „Пријавата за кражбата е примена на 13 мај, а полициските службеници веднаш излегоа на местото на настанот и започнаа истрага“, изјави вчера портпаролката на полицијата Аленка Дреник Рангуш.

Дауни рече дека дознал за исчезнувањето додека подготвувал нов проект во Германија и изрази жалење за загубата на статуата. Тој исто така изјави дека бронзената статуа била наменета како анти-споменик и анти-пропаганда и дека заменила дрвена скулптура што била запалена, што, според него, не било исправно во тоа време.

Оригиналната дрвена скулптура ја прикажуваше Меланија во син фустан и високи потпетици, а ја изработи локалниот уметник Алеш Жупевц со моторна пила. Бронзената статуа беше поставена на крајот од првиот мандат на Доналд Трамп, додека тој водеше кампања за реизбор. Беше зајакнатa со бетон и метални прачки на приватно земјиште. Истрагата за исчезнувањето на статуата е во тек.

Титулата прва дама на Меланија разбуди надежи во нејзиниот роден регион дека Доналд Трамп би можел да ја посети Словенија, што досега не се случило, а во Севница разни производи како колачи, чоколадо, мед и влечки беа посветени токму на неа.

Слични содржини