Стејт департмент: Блинкен e информиран украинскиот „план за победа“

од Milan1
36 прегледи

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен минатата недела бил информиран за елементите на украинскиот план да ја охрабри Русија да стави крај на конфликтот, изјави денеска портпаролот на американскиот Стејт департмент Метју Милер.

Милер на брифинг со новинарите рече дека Блинкен дознал за планот за време на посетата на Киев и додаде дека украинскиот претседател Володимир Зеленски рекол дека е среќен што детално ќе му го претстави планот на претседателот Џо Бајден, пренесува Ројтерс.

„Мислам дека ќе го чекаме тој состанок пред да понудиме дополнителни заклучоци“, рече тој.

Амбасадорката на САД во ОН, Линда Томас-Гринфилд, претходно изјави дека САД имаат увид во тој план, „што може да функционира“.

Советникот на шефот на Кабинетот на претседателот на Украина, Серхи Лешченко, во понеделникот изјави дека можноста за ракетни напади врз воени бази и аеродроми длабоко во руската територија е важен дел од „планот за победа“ на Украина.

Слични содржини